гладува несв.

гладува (несв.)

Кога стигнаа селаните со козите, староседелците ги гледаа со страв и со сомневање дека колачот на сиромаштијата ќе го делат на уште помали, речиси невидливи делчиња сѐ до гладување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во еден период не можеа само да ги поврзат гладувањето на неговото семејство со упорното одбивање да им купи, како сите нормални луѓе, коза на своите деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со гранките испреплетени сонцето си го затемнија и се задушија. Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не очекуваме дека би можел да најде некакво уживање во гладувањето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека рајата гладуе, тие само си го обновуваат возниот парк.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Претчувствувала - тој гладувал по месо, а овците на аргачите ги чувале огнови и пци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Министерството за мир се занимава со војна, Министерството на вистината со лаги, Министерството на љубовта со тортура, а Министерствто за изобилство со гладување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Како знаеш да ја ликвидираш оваа работа до есен, да не мрзне и гладува аскерот и на зима.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И добро му било таму, вели, може и најдобро му било таму, оти им бил толмач на Англичаните, вели. И дека не гладувал. 217
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Долу, на боиштето, се гладува, а овдека не можеш да зборуваш од храна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако некој им откажел послушност, тие можеле да го фрлат во затвор, да му ја одземат работата и да го остават да гладува до смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што друго им остануваше на луѓето, иако знаеја дека така само тие осиромашуваат до гладување, а Луман, Дико и Бошко ги полнат џебовите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
МАРА: Ќе го пуштам, се разбира. Зошто? — си знам дека ми е прокопсано чедото — ќе спечали и ќе ми пушти. Не го одделив од куќи за уште да гладувам и да стегам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Дали ве врбуваше? — Јас гладував, велам, а тие менуваа сенки и се ладеа со пиво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И како народна армија да не бараме леб од селаните и многу гладувавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во книгата „Јас на овој свет“, Александар Балабанов, бугарскиот интелектуалец и академик роден во Штип, раскажува како Гоце Делчев го спасил од повеќенеделно гладување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе