глас (м.)

Тргнав да се качувам на бината, народот веќе ракоплеска, а од зад мене иде некој глас, сѐ појасно го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
О, ој, оф, оф, оф, пишти и се држи за очи, на својот глас му се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го собира гласот во устата, ко вода во дулец го собира и нѐ прска, мораш да си го покриваш лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде квечерина, се пушти глас дека пак ќе нѐ слезат да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гласот ми се зголемува, сѐ појасен ми станува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Доаѓаат... - се слушна тивок глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Јуриииш!!! - громовит глас се растури во воздухот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го позна по гласот. - Врне ли? - Да, господине генерале, роси.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Невидливи груби раце ме зграпчија... силен, продорен машки глас..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само иронии можам да претставувам, да шлакам по платното, тоа заслужуваат овие неранимајковци – со возбуда во гласот додаде. –Во трите галерии пројдов!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јас повторно, плачејќи на глас и со солзи тргнав по татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тука од сите заборавено живееше едно мошне сиромашно семејство: старец и старица, со козле, децата одамна им беа на печалба, ни трага ни глас од нив со години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Избори нови повторно се ближат сомнителни ликови на гласање се движат за поголем процент редовно се грижат па гласови мртви во кутија нижат О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Иако потоа живееше во Бугарија и беше на бугарска служба, Баласчев не еднаш го креваше гласот во полза на својата поробена и подоцна раздробена татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе