глечер (м.)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Вака ако затера, богами, виртуози ќе станат, авторитет на лажните појави, таложејќи си го по страна својот капитал, како сталагнити или креч создаден молкум, полека како во подземјето на глечерите во македонските длабоки јами, многу далеку од очите на работничката класа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Сонценца за инает на глечерите и сладоледите, мрачните луѓе, Ескимите, месечината и фрижидерите.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)