глувотија ж.

глувотија (ж.)

на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бидејќи јас бев на почетокот на обидот, можете да замислите колку бев осамен и очаен заглибен во многуноќна глувотија, загубеност и безнадежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ се претвори во нема тврдина. Во глувотија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сиот дом беше потонат во онаа позната глувотија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стана тивко, глуво. И во таа глувотија се затресе земјата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сосема кога замолкна - обемот на пустошот - поголем од обемот на глувотијата што ја остави.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Верувам дека од никаде, ама баш од глувотијата на оваа мирна улица се појави брат ми, рус и висок, во фармерки и кожена винтјага, и непоканет почна да зборува, неконтролирано мавташе со рацете, се закануваше, караше; за пет минути колку што ломотеше сигурен сум дека сѐ ми извади низ нос, па дури и сендвичот што набрзина го имав излапано во гадното шинобусиште.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ме насели пустински песок, немост и глува тишина. Глувотија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)