глушец м.

глушец (м.)

- Не можам. Дотука е. Глувците ги изгризале последните страници.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Внатре ни глушец не може да живее.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачорот замина без да забележи таа и сега се врати со глушец во устата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од синови, снаи до зетовци, внуци бирократски лебарки се котат ко глувци за професионалци нема тука место швалерките стручни се во министерство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Да можеа глушецот и тастатурата да зборат сигурно би нѐ отерале во 3 вагиналне материне за теророт кој го вршат луѓето врз нив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден лав пред глушец бесен в страв се тресе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Мачорот Ловџија не знаеше дали да се лути или да се смее, но брзо го фати глушецот и слатко си го изеде пред вчудовидениот мачор граѓанин.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се зајадов и го демнам ко мачката глушецот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во кочините започнаа да му се котат глувци гризејќи го салото од свињите и селаните ги уништија запалувајќи ги и кочините и свињите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сигурно долго време му требало на Кејтеновиот син за да ме изнајде меѓу стрижените глувци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А глувците само се дујат и растат, се креваат ко гнасна сапуница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи има вистини кои не се кажуваат во дијалог на гозба и оргија, при муслини и мириси од етерични масла и прележани вина има вистини кои не се питки и питоми вистини сами од себе кои вреват вистини за преврат за народ, аристократи и пците веќе знаат и глувците осеќаат! __
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И тогаш неговите вилици го испуштија глушецот со еден вид промислена индиферентност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Следниот миг мачорот го тресеше глушецот во воздух, како гумена топка, и скокаше и правеше салта по него, со победоносен восхит.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како што внедоапица дојдоа така пројурија низ окопите едни како да се жирафи гледајќи преку окопите, а други подведнати како изгладнети мачки глушец што бараат, се пикнаа во земјанката кај командирот, рекоа што рекоа таму и како што брзо се појавија така брзо се изгубија по истиот окоп назад.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Три дена потоа, низ царството се рашири болест: Господ Бог пушти страшни пликови врз народот, и глувци се појавија, и земјата се тресеше три дни и три ноќи без прекин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се полни куќата со глувци, се полни и гумното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта на свечениот собир глувците го прогласија Цивко за херој.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе