гневен прид.

гневен (прид.)

Да се гневни на тебе за нешта кои ги створила самата ситуација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така почнала невидена војна помеѓу куп стрелци и еден гневен осаменик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го гледав со очакарени очи. Гневен, а немоќен, бидејќи не можеше сосила да ме земе и да ме черечи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не гледајте во небесата со гневни солзи во очите, не молете се вашите душмани со ровја и чума да ја сетат силата Божја!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред него преплавуваше буица од гневни, беспомошни мисли: меѓу неговите зборови се закануваше минско поле - ако погрешно нагази, ќе биде разнесена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Бездруго, и самиот пелтечав и под контузија, тоа ѝ го рекол - гневен е, не сака да дојде пред лицето на севишниот со погана навреда на совеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тешко можеше да се претпостави ова лице намуртено или гневно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој автор духовно се надоврзува на неговите претходници, дури и во сопствениот гневен грч предизвикан од потребата да негира она што пред него се случувало, да го менува тој свет на литературата со преседански обид, со поставување нов патоказ пред идните генерации кој ќе ги оддели од товарот на создадената традиција.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вака, со моето отсуство, јас им изгледав надмен и дрзок. Станаа гневни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Токму тоа - реков, можеби по малку и гневен - не можам да сфатам: ме обавестуваш за смртта на нашиот пријател а ти си во толку добра кондиција и покрај лелекањето преку телефонот за обетките, облеката, шминката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас се најдов малце во небрано, ама сега ми немаше назад: - Па не знам, луѓето се генерално гневни на Америка и на улогата на светски џандар што си ја презема...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Од крвта ненаситен, сѐ уште водеше битка, лутина гневна дишејќи; од раните бликаше крвта, но сѐ уште бритка мавташе сабја, беснејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Волците не му излегуваа од мислите. Беше гневен, лут, а немоќен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беличот го изгледа гневно, но не му рече ништо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но тие солзи не беа солзи на слабост, туку солзи на гнев, што можеби е исто, оти слабиот е гневен и помни; помни сѐ додека не се одмазди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Санката лета како куршум. Расечениот воздух шиба по лицето, рика, бучи во ушите, сече, штипе болно и гневно, сака да ни ги откине главите од рамениците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледот горд и безмилосен, гневен и убиствен, огнен, суров прониклив, победнички, исполнет со вера и само што гром и оган не паѓа од небо за да го спепели непријателот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скоро што не заплака со гневни и горчливи солзи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со гневен шепот ми рече дека ќе ме убие поради тоа што го правам. Ги разбрав тие зборови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе