говедски прид.

говедски (прид.)

Затоа се припрема одвечер и на оган од суви гоедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од говедската гробница се јави мукање и ,ржење на пцовисаните говеда и коњи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Саде темнина има во солената катедрала - ни зрнце бела сол, ни капка бело солило, во кое во селата или во рестораните надземи се засолува говедското, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Со многу суви везени пиперки и узреани црвени домати во земјен грнец, убаво поклопен, убаво околу наоколу залепен со тесто и на оган од суви говедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако чорбата ја консумиравме, ни се понуди еден вид пржено брашно, нешто како тарана, а после тоа ни донесоа испржени мрсни парчиња говедско месо, колбаси и нешто друго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Грав со пастрма, - сеедно дали телешка, дали овчка, или козја, исто се готви одвечер, во земјен грнец и на оган од суви гоедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јанија, од говедско месо, лута, ако се готви одвечер, на ист начин се припрема.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога тие бели нешта ќе ја почув-ствуваат сончевата топлина зовриваат и тонат удолу кон салатата и кон старото и смрдливо говедско, на талогот од кафе и на главите од белите риби и по десетина секунди на сонцето тие заминуваат, тонат и големата валкана крпа сега ги прекрива купиштата од смет што остануваат тивки и без движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А муви, муви, некои говедски муви, како со зод светнати, нѐ облетуваат, нѐ касаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Нема грутка од говедска жолчка, нема дива краставица, рекол повисокиот тревар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Говедска жолчка, побрзал Пандил Димулев. - Да бараме говедска жолчка и грутче во таа жолчка. Тоа било доволно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник пак прашал што ќе се случи ако не го најдат тоа, и веќе никој не знаел дали мисли на жолтеникавата грутка од говедска жолчка или на моќната вода од диви краставици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Избилдувани мажи и жени - коишто речиси без иронија ги нарекуваат beefcakes (говедски колачи) - добиваат аплауз од околината. Браво тело!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега од обете страни на вагонот се простираа полиња, ридчиња зараснати во врес, борови шумички - а буљонот во дебелите шолји на послужавникот што тој еластично го носеше низ тенкиот премин меѓу бочните масички, се чадеше и тресеше. Служеше со забрзана вештина, спретно ги зафаќаше и расфрлаше врз чиниите парчињата говедско и притоа брзо се наведнуваа неговата потстрижена глава, напрегнатото чело, густите веѓи слични на превртени мустаќи.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Околу нив се лизгала остра реа на говедски лепешки. Очите се лепеле за месо како крлежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)