годишен прид.

годишен (прид.)

Согласно законот од 1992, висината на регресот за годишен одмор можеше да се исплати најмногу до висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството, додека висината на отпремнина при заминување во пензија можеше да биде исплатена најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мажите поминуваа само еден дел од летото во селото, а тоа беше периодот кога користеа годишни одмори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во мислата да се вратам повторно во Кочани на годишен одмор моментално ме предомисли другарка ми Ило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа е една посебна историја за најсреќните мигови во животот на Мајка, историја за нејзината италијанска пролет која живееше со Мајка, во сите други балкански годишни времиња, во војните и во преселбите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпогодно време за успешно изведување на операцијата, според британските планери, било зима или рана пролет бидејќи во тие годишни времиња поради непроодност на патиштата можела да се минимизира супериорноста на непријателската механизација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа без оглед на годишното време си беше пред училиштето, тука, пред куќата на учителот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На триесет и пет годишна возраст тој веќе таложеше сало на вратот и околу половината, но неговите движења беа отсечни и младешки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Траењето на приправничкиот стаж се продолжува и за времето на оправданото отсуство од работа, кое трае подолго од 20 работни денови, освен за времето на годишниот одмор.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Утврден беше максимален износ до кој правното лице може да исплати регрес на годишен одмор, и тоа најмногу до 60%, а беше предвидена и исплата на најмногу до двократен износ за отпремнина при заминување на работникот во пензија (чл. 12, ЗИПДНД/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Облеката и изгледот, освен се разбира оние на Леон, во неговото семејство беа традиционални, на главата машките членови носеа штрајмели, капи од кожув, на лицата имаа бради, а покрај образите им висеа долги свиоци коса, Шабат и годишните празници строго се почитуваа, а јадењата се подготвуваа по рецепти и начини едноставни и скромни, како на село.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сигурно беа отидени на годишен одмор во Грција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
8 Во периодот од независноста до 2010 година дојде со суштинско намалување на работничките права, и тоа: беше воведен отказ без отказен рок; значително се отежна остварувањето на правото на штрајк; временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една на пет години; се намали законски утврдениот годишен одмор; драстично се намали висината на еднократниот надомест при добивање испратнина, а продолжи со невоедначената казнена политика во однос на ригирозноста на казните.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе