гондола (ж.)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Смислата на нејзиното постоење беше да постои за татко ѝ , дури и самото пловење со гондолата за неа имаше значење само ако можеше нему да му го раскаже.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ана ми ја подаде гондолата, мојот подарок за дваесет и шестиот роденден на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гондолата го подзапре својот од кога завлеговме во каналот во Господската улица, во која и денес живеат најбогатите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во еден миг двете жени стоеја очи во очи наспроти гондолата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги гледаш гондолите по улиците на романтична Венеција. Присуствуваш на седниците на славниот сенат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Гондолата пловеше бавно, така што од невообичаена перспектива можеше да се посматра и запознава градот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)