господство ср.

господство (ср.)

Концентрацијата на производството; монополите што израснуваат од неа; слевањето или сраснувањето на банките со индустријата – тоа е историјата на поникнувањето на финансискиот капитал и содржината на тој поим.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Турското господство во Македонија ќе се зачува само тогаш ако во неа има многубројно население што ја гледа својата благосостојба обезбедена само под власта на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското господство на Балканскиот Полуостров беше историски период кога потчинетите мислат да го зачуваат нивното историско наследство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дивидендите на тоа друштво излегоа фиктивни, „публиката“ изгуби од 90 до 100 милиони франци; „еден од директорите на „Генералното друштво“ бил член на управниот одбор на „шеќераните“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ако пак зборуваме за „чисто економските“ услови на епохата на финансискиот капитал како за историски конкретна епоха која се однесува на почетокот на XX век, најдобар одговор на мртвите апстракции на „ултраимперијализмот“ (кои служат исклучиво за реакционерна цел: одвлекување на вниманието од длабочината на постојните противречности) е да им се противстави на тие апстракции конкретната економска стварност на современото светско стопанство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Затоа, без да го забораваме условното и релативното значење на сите дефиниции воопшто, кои никогаш не можат да ги опфатат сестраните врски на појавата во нејзиниот полн развиток, треба да се даде таква дефиниција на империјализмот којашто би ги содржела овие пет основни негови белези: 1) концентрацијата на производството и капиталот, која дојде до таков висок степен на развитокот што ги создаде монополите, кои играат решавачка улога во стопанскиот живот; 2) спојување на банковниот капитал со индустрискиот и, врз база на тој „финансиски капитал“ создавање на финансиската олигархија; 3) извоз на капитал, за разлика од извозот на стоки, добива особено важно значење; 4) се образуваат меѓународни монополистички сојузи на капиталистите кои го делат светот, и 5) завршена е територијалната поделба на земјата од страна на најкрупните капиталистички држави.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Излегува дека трговијата постоела и кај првобитниот човек, кој уште не знаел за размената, дека таа ќе постои и во социјалистичкото општество!
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А тоа значело полно господство на туѓиот капитал, кој го насочувал развитокот на народното стопанство така што земјата да дава селско стопански и други суровини за европската индустрија, а да купува неопходни готови производи однадвор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто, од една страна, со капиталите во милијарди на штедилниците на крајот на краиштата располагаат фактички тие исти магнати на банковниот капитал, а од друга страна, државниот монопол во капиталистичкото општество само е средство за зголемување и осигурување на приходите на милионерите од оваа или онаа индустриска гранка кои се наоѓаат пред банкротирање.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие денови, додека траеше господството на вошките во домот, сѐ, сѐ беше мртво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Посебно треба да се задржиме на улогата која ја игра извозот на капиталот во создавањето на меѓународната мрежа на зависности и врски на финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Кој го посматрал последниве години“, – пишува Јајделс – сменувањето на директорите и членовите на надзорните одбори од крупните банки, тој не можел да забележи како постепено власта преминува во рацете на лицата кои како неопходна и сѐ поактуелна задача на крупните банки го сметаат активното мешање во општиот развиток на индустријата, при што меѓу тие лица и старите директори доаѓа до разидувања врз деловна, а често и врз лична база.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури и капиталистичката колонијална политика на поранешните стадиуми на капитализмот суштествено се разликува од колонијалната политика на финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Заташкувањето на најдлабоките противречности на империјализмот од страна на Кауцки, кое неизбежно се претвора во разубавување на империјализмот, остава свои траги и врз критиката на политичките својства на империјализмот од страна на тој автор.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
ИЗВОЗ НА КАПИТАЛОТ За стариот капитализам, со полното господство на слободната конкуренција, беше типичен извозот на стоки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
На капитализмот воопшто му е својствено одделувањето на сопственоста на капиталот од примената на капиталот во производството, одделувањето на паричниот капитал од индустрискиот или продуктивниот, одделувањето на рентиерот кој живее само од приходите од паричниот капитал, од претприемачот и сите лица што учествуваат непосредно во располагањето со капиталот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Зборовите што ги подвлековме ја покажуваат онаа суштина на работите така што нерадо и ретко ја признаваат буржоаските економисти и од која така усрдно настојуваат да се извлечат и во која толку не сакаат да влегуваат денешните бранители не опортунизмот со К. Кауцки на чело.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Повеќе