граден прид.
гради само мн.

граден (прид.)

Тој се потргна настрана. Од зад него се појави стражар со широк граден кош и со долг црн пендрек во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стокмија удобен дом користејќи ги широките цврсто градени темели на куќава, што ја кренал некој од прадедовците на Томислав во времињата пред да си заминат Турците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Облечен во бела припиена кошула која му ги оцртуваше набабрените мускули на градниот кош, некои фраерски фармерки со искинати џебови и патики по најнова мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Омалаксаност во колената и болка во градниот кош.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го паметам како многу сиромашно село со куќи градени со плитар и покриени со ’рженица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во старата чаршија, имаше и немалку дуќани и стари градби градени со ќерпич, односно со сушени тули, а не со печени цигли.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А чунот не беше како другите. Бил граден со дикат и знаење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игуменот им кажа дека е градена во вид на крст, лежи на четири столбови, со апсида на источната и западната страна, со две куполи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Градниот кош беше тесен како на костур: нозете му беа толку тенки што колениците изгледаа пошироки од бутните коски.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Патот беше граден триесеттите години. Ангарија работеа селаните од околните села.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Христијанските манастири често служеле за заслонување и престој на дервишите, а во имаретите, добротворните кујни градени покрај џамиите, во кои се делела бесплатно храна и преноќиште, рамноправно престојувале и христијани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше Театарот, старо здание градено во псевдокласичен стил небаре пресадено овде во средиштето на Балканот од Виена, од Рим или од Париз!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На споредната улица мала, недамна градена куќарка. На тротоаторот паркиран мерцедес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тенките рамења беа наведнати напред, така што правеа длабнатина од градниот кош, сувиот врат изгледаше како да е превиткан на половина под тежината на черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќите, градени од плитар, се распаѓаат. Стојат ѕидовите и со шуплините на прозорците и вратите, плашат секој намерник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Жителите рисјани на селото Долнец, Б-ска каза, имаат дадено молба да им биде дозволено да изградат црква на местото на старата мала црква која од старост се уривала, а била некогаш градена на имотите на домаќините Тодор Цане и Спире Угрин, долга 24, широка 16 и висока 10 аршини.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Добро граденото јадро тело, горделиво подисправената глава на којашто косата непокорно и диво се виткаше и спушташе на кусиот јак врат, го привлекуваше вниманието на публиката и на судиите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе