гребаница (ж.)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓу два оброка, гибаница од луѓе (тесто + пот) фатени за раце (папочен синџир на бесконечноста) во масовен оргазам тонат кон вртлогот на вселената.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Од замрзнатата кора на снегот, која е оптегната небаре штавена кожа и врз која расчателените сенки на дрвјата изгледаат како гребаници, во воздухот се креваат осилки и боцкајќи во очите предизвикуваат солзи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Мислеше дека не ќе го дочека денот покрај празното шише под своите нозе, но го дочека млак и отечен, со многу гребаници на кожата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Преку обете усни му се протегала гребаница - бодел со нож, бодениот се бранел со нокти, бодел брзо и со кратки удари и ја присвоил пушката зашто рацете му биле покрвави од на другите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се сетив дека можеби сега треба и јас да ставам голем завој врз тенките гребаници на лицето и увото за да добијам барем малку сожалување од свекрвата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А таа, Ганка, била испиена, со преголеми очи од глад и со гребаници по лицето и по рацете од ноќно или скриено дневно движење низ боцкави грмушки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Што? Гребаница, а? Се намурти, плукна пред моите нозе: - Мижи - Асан- да - ти - баја...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)