гребло (ср.)
Но кога си погледна во рацете, не можеше да им поверува на очите: цели тутки влакна ѝ беа намотани околу прстите. Како на гребен, како на гребло.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да ги исчистиш со фрча, со метла, со гребло, како знаеш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
„Професоре, како да го исчистиме кршот?“ „Немаме гребло и лопата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ако ѝ рече да си оди, таа ќе се врати, зашто и Амдие, Разие и Селвие трчаа по неа да ја прашаат што да прават со сланутокот, или дали е арно ралата, плуговите, дрвените лопати за веење, вилите, греблата и срповите да стојат на истите места како и порано.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со тоа раководеше чичко Темелко: со гребла го исчистија тревникот, потсекоа прецветани рози, го измија бетонираниот дел и лево од бистата на Лазо Ангеловски поставија подиум и скали за хорот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Оние исти прсти кои како гребло риеја по нејзиното тело и душата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)