грешава (несв.)
Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Во лутината најмногу се грешава. Така и овој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секогаш, кога ме гледа, ги грешавам чекорите, се сопкам, заборавам кај сум тргнала.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)