гроф (м.)
Иако овие костими се хиперболични, анахрони и неконзистентни - зошто еден војвода од Милано би носел капа на венецијански гроф, или неаполски благородник би носел холандска наметка? - тие се метафорично делотворни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Токму во овој период се запознал со грофот Фердинанд Валдштајн, првиот од аристократскиот круг на пријатели што го опкружувале низ целиот живот.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Перото на Грофот продолжуваше да крцка везејќи по листот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да ме земаше и мене. – Белки танцот со грофот Чано не ти беше еднинствениот? – Може така да се рече.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
При напуштањето на канцеларијата Грофот стори непоправлив гаф.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не знам за каков привид можеше да станува збор, но наеднаш ми се пристори дека буквите што ги пишуваше Грофот, ги имав видено извезени на мали картички, помали и од личните посетници.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Грофот Валдштајн на дваесет и четиригодишна возраст пристапил кон Германскиот ред, поминувајќи ја годината од неговиот пробен период на Дворот на Електорот од Бон.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
- Си се препознал - го повтори своето тврдење Грофот но овој пат без да ме погледне. – Подобро е да ми веруваш мене одошто на сеништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имено, во декември истата година Белград, Софија и Виена ги посетил министерот за надворешни работи на Русија грофот Ламсдорф.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јунаците на првиот Мајкин бал, во 1939 година, на чело со грофот Чано, тогашен министер за надворешни работи, ја нападнаа родната земја на Мајка. Нејзината родна земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Покрај овие, тука се и двете виолински сонати, а-мол и Еф-дур, посветени на грофот Фрис, и помали композиции.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Игравме други игри! – И што ти рече тогаш грофот Чано? – Ми рече, ќерко моја, ти убаво играш!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- И не треба да го игнорирате – рече Грофот – сомнението е многу корисен советник.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оваа година биле создадени две од најпознатите сонати за пијано на Бетовен, „Валдштајн“, веќе спомната овде, посветена на пријателот од младоста, грофот Валдштајн, и „Апасионата“, посветена на грофот Фон Брунзвик, возвишени дела што блескаат со огнот на генијот.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Овој пат, откако седнав на столот спроти Грофот, додека гледав во неговите раце, реков: - Тоа биле погани нешта .
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)