далечина ж.

далечина (ж.)

Се менува пејзажот, во далечината низ црвеникавите бои на лисјето на палмите проигрува залезот на сонцето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Темнината живее во далечината бесшумна и загубена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во далечина се гледаше сина силуета на Пелистер а позади него отсјај од темно портокаловото сонце кое веќе беше зајдено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стеблата се сцрвуваа и крцкаа а ридиштата во трепетливите далечини се покрија со подвижни магли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Требало да ја совладам далечинава зашто само така можело да се надвладее чувството на празнина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првиот пат кога слушна пукотници во далечината која беше доволно блиску до мирот во кој живееше и од кој спокојно можеше да филозофира за состојбата во земјата, се стресе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена, измамена од гласот на далечината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Чекорите му ги слушаше постојано зад себе и постојано на иста далечина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ се случуваше внатре во стаклен тег за хартија, но површината на стаклото беше куполата на небото, а во куполата сѐ беше облеано од јасна мека светлина низ која погледот допираше до бескрајни далечини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велгоштанецот овде запре, постоја малку, се загледа во далечината и длабоко воздивна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Струеше тоа леко и меко, доаѓајќи од некои далечни западни врвови на Плачковица, носејќи со себе миризби на далечини, на задпланински полиња...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најдобри резултати се постигнуваат на далечина до 500 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На брегот во далечината одново раѓање на нов ден...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Далечинскиот управувач работеше како ниеднаш да не бил разглобен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме гледа мене па гледа во далечината и молчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во далечината заоѓаше црвеното око на сонцето, а облаците се распрснуваа на сите страни како изгубени стада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе