дворјанин м.

дворјанин (м.)

Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војната ќе заврши. ЦАРОТ ќе дојде со дворјаните.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас сакам да те предупредам. Внимавај кога на дворјаните им вртиш грб заради моменталната наклонетост на царот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во духовната историја на Европа тој секогаш одново се појавува кога некој религиски или политички поредок на вредности ќе стане проблематичен, и тоа секогаш внатре некаква повеќе-помалку „александриска“ култура, меѓу дворјаните, во граѓанскиот салон, во состајалиштетото на боемите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ни чуварите, ни дворјанките нити сите кралеви не, магите само ѕвездочатци ја знаеле тајната за нивната неприродна кроткост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дворјаните околу царот се погрижиле детето што ќе се роди по секоја цена да биде машко, зашто царот ги застрашувал со смрт ако не му се роди наследник.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одеа во прошетки и посети или ним, на неколку дена, им доаѓаа дворјаните од другите замоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дворјанската интрига е покажана со редуцирани средства со кои се служат модерните театри.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По долги години, еден од дворјаните, за да му се додвори на царот, му ја кажал вистината дека неговиот син е со чергарите, а тој што го има кај себе е од циганската черга.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Освен тоа, богатите негде стануваат и почитувани дворјани.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)