двосед (м.)
Во меѓувреме, Рада веќе беше на удобниот двосед, сместена во широкиот наслон, глумеше смиреност за туѓите очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овде, за пет долара ти шиткаат појачало со звучници, а за дваеспет – тросед, двосед и хоклица.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Околу нас набилдани флуоресцентни тренерки, електронска музика, пилули и двоседи.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Езерската шир изгледа уште покристална, додека ја сечат клуновите на кајаците едноседи, двоседи и четвороседи. Како да се наоѓаме на некој полинезиски остров.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)