девер м.

девер (м.)

Се сетив на баба која и по триесет години од смртта на нејзиниот девер, сметаше за нужно да му ги направи сите редови што се носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Момите се скараа која повеќе да собере од парите, а деверите се провреа меѓу нив и стигнаа до средната врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По едно ќе им посини на девери и, оти итака ним им паѓа малот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вратата се отвора, деверите влегуваат среќни и задоволни оти ја најдоа најпосле невестата. Но и со неа беља.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се бричи и се стрижи зетот, иако утре пак „официјално“ ќе го забричи деверот за да не се појави небричен пред невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таков беше адетот, а и мајка Ленче никогаш на слава кај деверот не одеше со празни раце.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тогаш ми кажа дека утредента ќе дојдел човекот кој бил сведок на погибијата од нејзиниот девер, а помал брат на дедо Петре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тргнува кон мене деверот со карта вино, со јаболко начичкано со пари, со капа на глава, а главата без лице.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со која нога ги внесе малиот девер во собата, вели, со лева или со десна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрина ми направи еден преседан, пред гостите на татко ми му рече: Слушај девере, кога на помалата си ѝ купил толку работи, ќе ѝ купиш и на Милка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зетовите јавнале на најубави коњи и само се крстат со старисватот и деверите, со сваќите што одат пеш до сваќата — да помогнат кога ќе се качува невестата и да ѝ се најдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Плаќај и граби! — вели стариот девер и веќе фрла под штици пари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во саботата едниот девер кани од кај зетот, братот или братучед кани од кај невестата, а другиот девер оди во планината по бршлен, од кое се прави зелениот невестински венец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Околу ужина излегоа сватовите да играат во дворот, а веќе и невестата ја изведоа деверите од земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали се еднакво или нееднакво дарувани, вели, малиот девер и стариот девер, нункото и старосватот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред да ги почне овие песнички ги фати зетот и невестата за малите прстиња, за нив се фатија деверот и старисватот и заедно со него почнаа да се вртат околу бурилото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко го закла и ѝ го остави да го кубат и варат со Митра, а тој го зеде пагурчето со ракија и еднодве јаболка и отиде в село да го покани нункото и еден девер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ден се месат погачите со кои ќе се канат нункото, попот, деверите, старосватот и другите блиски роднини, а уште подалечните — само со карта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе