делка (несв.)

Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оти очите му играат само над платицата што ја делка и му играат на смени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргај ми се од очи ако сакаш и утре да делкаш килави ѓаволчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак излегоа во ходникот каде што оној војник делкаше друго јаболко.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Еднаш ќе ги видиме како делкаат дрвени сандали од бука, другпат како го збираат овесот од изметот на коњите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Следната вечер под дифолт продолжи расправата и се делкавме околу мојата дилема дали да излезам со него или не.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Може ваперот ти ја мрднал секирата, му рече и наместо тутун на прстот му врза изгорена човечка коса. А татко беше голем мајстор за делкање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не дотраја, не дочека да види дека научив да делкам, и дека не треба од срам да ме продава на ѓупци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаа диви лица со брчки, можеше да се поверува дека се делкани од оревово дрво пред стотина години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И јас во името на народот ги чував народните непријатели добро да кршат камен, добро да го делкаат и со врвот на иглата мерев да видам дали добро налегнува камен врз камен ... дури - како што велеше командантот - воздух да не пропушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само што заборавивме на оние утрински извикувања за на делкање, за на млеко, за на нива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти му зборуваш, а тој си делка свирче од врба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Протегна рака и од босчето исече едно подебело парче, па си зафати да си делка црцало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас му кажувам, кога јадеме мрсно, како топиме сало, како правиме пршки и му кажувам за планината: како се делкаат главини и лактишта, спици и оски, како се прават коли воловски и му кажувам за јазот, што ми тече зад куќа, под стреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе истера така еден ред делкање, па ќе клекне, ќе го замижи едното око, а со другото ќе нишани: дали под конец поминала секирата, дали право ја воделе рацете. Како што треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во таа ноќ луѓето делкале од тврдо црешово стебло топ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Работи, ама како некој да му ги држи рацете. Ќе земе да делка, а секирата му стои чипаво. И наместо тој неа, таа него го занесува. Го шета наваму-натаму, ко опијанет да е човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По цел ден нешто делкаше, црташе, ги испишуваше видовите камен или го набљудуваше течението на правецот на Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе