денгуби несв.
денгуба ж.

денгуби (несв.)

Денгубам пред сиромашните излози.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И учителот не сака да денгуби со него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Слушај!“ му рече. „Те гледам денгубиш, ама, прости, не ми изгледаш како човек којшто има пари да плаќа хотел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Млади момчиња денгубат во кафулињата или го чекаат денот за да заминат на печалба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Место тоа рече: - Можам сам. Што ќе денгуби и друг со мене.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И учителот не сакаше да денгуби со него.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)