дерман м.

дерман (м.)

Останав сам крај Мајка, додека брат ми и сестра ми се растрчаа по другите сектори да бараат дерман за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ти ни беше единствениот учен адвокат, со диплома дури од Цариград, кај кој си наоѓавме дерман во небиднина, сите и рисјани и муслимани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па од пусти тикви дерман нема, сирота. На ден, на два котолот само го полни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекаа заповед да колат и да ги распарчат дури и нашите сенки. Дерман ќе се нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сигурен ли си?“ му викна бегот. „Погледни го убаво ако бараш дерман.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се подзамисли Ризван-бег ефенди: „Демек, си решил, ќе градиш џамија, ами знаеш ли дека дерман ќе немаш од твоите за тоа?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Дојди, те чекам со штедрота. Жажда ме сотира по крв, крџалио.“ „Доаѓам ... Дерман ти нема.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некаде во почетокот на осумдесетите години од минатиот ни век, првиот од горе наведените излезе со отворена изјава дека од тогашната сексбомба Настасија Кински нема дерман и ноќи не спие.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)