добра ноќ (сло.)
Добраноќ, му рече тој некому климнувајќи му со главата. Се чини и се поклони.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мило дете очи трие, дојде време да се спие - добра ноќ! Кротко јагне цица, душка, пред спиење мајка гушка- добра ноќ!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Мора да е Горачинов, си велам, му ја познавам и свирката и песната: ,Добра ноќ, јас веќе те оставам да спиеш".
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И зајчето склопи очи, уморно е, сака почин - добра ноќ!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А штурчето не се мири, заспивалки пее, свири - добра ноќ, добра ноќ!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)