добродетел (м.)
Единствено што можам е да ги слушам знаците на судбината и да ги користам како добродетел кој никој друг не може да ми го даде.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Замислете го тој добродетел ако бара признание, ако бара за неговата крв сите што ја добиле да му се оддолжат! Тоа веќе не би било добродетелство.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Безусловната љубов создава хармонија, а мудроста е најголемиот добродетел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но што има интелектот со „добродетелта за народот“ и воопшто со добродетелта како таква?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тој е дефиниран во функцијата „добродетел за народот“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)