добро (прил.)

Добро, велам, не сум видела гулаб со три крилја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро, велам и ја вртам главата, не сакам да ми ги види солзите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чувствуваш добро во својата кожа?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас, другарче, многу добро те разбирам, Ти си Македонец, да?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да можеа добро да ме слушнат и да ме разберат провокаторите на блиската маса, сигурно ќе беше поинаку.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Велеше дека овде, ако се негуваат добро, можат дури и палми да никнат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзе тука ѝ е добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да не не се чувствуваш добро, - рече таа гледајќи со загриженост во моето лице.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Сестричето било поголемо. Си живееле многу добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Добро би било да слезеш утре в град...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Добро се сеќавам како е тоа во животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ајде, земи стол и седнувај да видиме што добро те носи?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаете дека доста можам да ви помогнам, нели? Добро.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Добро, рече - Нека легнат некаде па утре ќе се видиме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги виде сега наеднаш сосема добро - такви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова рано запознавање со најдобрата литература на неговото време вродила со интелектуална пристрасност, која потоа добро го служела целиот негов живот.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Позната е на пример синтагмата од турцизмите и башка и барабар, со значење дека не е добро, ниту прифатливо еден народ да живее изолирано (башка) од другите народи, ниту под преголемо влијание од другите што би водело до асимилација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе