довикне св.

довикне (св.)

А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ајде здраво ооо Змејко, - довикна Претседателот. - Среќно, - му одговори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога стигнавме до огромната дрвена порта од куќата на мојот дедо тој направи неколку чекори за да си оди но одеднаш како да се предомисли па ми довикна - Еј Софи причекај...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Гледајќи ги децата како стојат нерешително крај патот, стариот селанец што се возеше во нив им се сврте и весело им довикна: На каде, дечиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Рецептите најмалку помагаат, почитуван, посакав да му довикнам на Стариот писател додека го заобиколував Самоников и главата на тигарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од кујната доаѓаше прекрасен мирис на кифлички со мармалад и по некое време мајка ми ми довикна: - Ведане, дојде малку!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Напати ќе им довикне нешто, ќе ги замоли за мала услуга, ќе им подели совет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И никој веќе не се сомневаше дека најпосле и на овој проблем ќе му се стави точка, кога однекаде пак, по којзнае кој пат, се јави нејзиниот глас, рече: - Ајдете, - ни довикна, - што сте замрзнале, одете!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога ме испраќаше на скалите, ми довикна: - Немој да заборавиш да го адресираш писмото за Игбал, па утре ќе го испратиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Внимавај на бодликавата жица“, му довикна додека се оддалечуваше по бетонската патека.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И видов дојките нејзини кои светлината небеска како ѝ се поткреваа и чув Бог како ѝ довикна: Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот Во птица престорена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Џабе ви чалми, ефендии! му идеше да им довикне. Сѐ се гледа, сѐ е на видело!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Значи, овојпат, откај некогашниот театар, Привидот се појави неочекувано и веднаш ја изрецитира реченицата што ја спомнав а потоа ми довикна налутено: „Како се осмелуваш да тврдиш дека во моите постапки има многу луфт?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Некои твои колеги сфатија дека парите се во Митко, и тоа не пари, туку марки и зелени хартии, - му довикна Спасе-Грав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе