доврши св.

доврши (св.)

Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе вторпат тој ден немаше да можат да си ја довршат играта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега сфаќав зошто не ги довршил студиите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Или да погледнете низ цевката или пак - тој го исправи малиот прст и, пикајќи го полека во цевката, доврши - со овој прст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никако разделбата да ја довршиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во текот на денот или утре ќе го довршам писмово и ќе се погрижам што поскоро да ти го пратам...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откога беа го довршиле муабетот, легнале и си спале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ова полифоно пеење на немирењето и компромисот, никогаш до крај разгатнато, никогаш довршено, останато живо со своите пораки, еден ден некој од потомците судбоносно да го протолкува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Насетував дека правам некоја работа без смисла и цел, и дека, впрочем, нема ни да ја довршам, ќе ја оставам заради некој нов - речник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го вади револверот и го полни. Но уште не довршил, се предомислува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако некоја од странките отуѓи предмет или право за кое тече парница, тоа не пречи да се доврши парницата меѓу истите странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама се стори тоа. Што не е почнато не може ни да се доврши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Уште не беше довршено ѕидањето на општината и на училиштето, а во Потковицата се расчу дека Максим се раскарал со некои прилепски и битолски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Познати се сите причини кои Duchamp ги наведуваше во разни прилики како оправдување на фактот дека Невестата „дефинитивно не е довршена”, како и пледоајето pro domo, какви често држеше, за нужноста да се биде мрзелив и безгрижен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мајката и ќерката се држат за рака и одат право накај спротивниот ѕид, како нешто да ги тера да си го довршат до крајната точка своето движење однадвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имено, може да се смета дека оргазмот е кулминација на прилично долг психички процес, полн со препреки, којшто кај невротичниот пациент, доколку страда од импотенција или фригидност често не се довршува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе