договорен прид.

договорен (прид.)

И тие веќе како договорени се упатија кон долгата патека покрај паркот под Тумбекафе низ кое пролетта тукушто ги беше расцутела јоргованите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Три кратки, две долги светла. Договорен знак за врската отаде границата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Отказот мора да ѝ биде врачен на договорната страна, на која ѝ се откажува договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај тоа што на вратата се повторува договорениот знак, тројца во собата заземаат позиции што не допуштаат да бидат изненадени и измамени.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поминаа пет минути по договореното време, а девојката сѐ уште ја немаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Договорен систем за означување на локацијата на нарачката и на одговорноста за нејзино плаќање - каде треба да се однесе чоколадото, и кој треба на крај да ги изброи парите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко, верувајќи дека, сепак, Камилски, ќе се држи на договореното, да реферира само за петте договорени збора, се надоврзаа на поговорките за инаетот од доменот на турската традиција, кажувајќи му ја на турски поговорката: Arnaut inati Allah` belasi! (Инаетот на Арнаутинот, божја беља!).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
32. Тројниот сојуз е военополитички блок на Германија, Австро-Унгарија и Италија, договорен во Виена во 1882 год. и насочен главно против Франција и Русија за распределба на светот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, договорените рокови за исплата на испратнината беа пробиени и таа не го доби паричниот надомест што ѝ следуваше како „отпремнина“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Винстон стигна на Плоштадот Победа пред договореното време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можев да се ослободам од впечатокот дека секој негов гест претставуваше дел од играта што тој и Јана договорно ја практикувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
5 Постапката пред првостепениот (основен) суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот (апелационен) суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца – доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе