должник м.

должник (м.)

А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога тој е неспособен за плаќање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овој должник и зајмодавец треба одамна да се бркаа за тие сто лева, дадени сигурно во момент на душевно умилување, при некоја заедничка пијанка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако има потреба од склучување нови договори, приоритет ќе имаат 185 поранешните работници кои биле вработени кај должникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако има потреба од склучување нови договори, приоритет ќе имаат поранешните работници кои биле вработени кај должникот (чл. 166).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведе врз предмети или врз права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според законот е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него, ако двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани (чл. 325, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Парициониот рок е оној одреден временски период кој му стои на располагање на должникот кој го изгубил спорот доброволно да ја исполни досудената престација и сѐ додека не истече овој рок пресудата не може присилно да биде извршена преку извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стечајниот управник, заради остварување на правата на работникот, примерок од решението доставува до надлежната служба за посредување при вработување на чие подрачје се наоѓа седиштето на стечајниот должник, во рок од три дена од денот на донесувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Букинистот одбивајќи да ги прими парите му рече: Вие ништо не ми должите, пријателе. Јас сум Ви голем должник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Самиот си си должник. Побарај го крадецот и земи го она што е твое, ако е твое.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За некои биографски детали изнесени овде, должник сум ѝ на Ненси Дефенбах, која го истражуваше животот и опусот на Марија Мартинс неколку години пред тоа, и ми овозможи да ја консултирам хронологијата што таа ја подготви.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој имплицираше, а ние се сложуваме, дека оваа „современа установа“, извршител,7 не е без маани и дека сумата која истите ја побаруваат и од доверителот и од должникот е несразмерна со тежината на нивниот вложен труд! ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ти благодарам, за навек сум ти должник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе