долови св.
дол м.

долови (св.)

Блажена насмевка игра на занесеното лице на Цви чија религиозна медитација ги доживува своите кулминации низ доловувањето на легендата за маслото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Често построени во дипломатскиот кор при средба на државници, со двете добри уши ја доловувавме реченицата која на минување ќе ни ја кажеше големиот државник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие чекале со скаменети лица дали не ќе ја доловат од далечина песната на невидливиот гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледа наоколу и се обидува да ги долови ноќните шумови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нема таков широк дијапазон нашиот неречовит јазик, за да ти долови какво чувство е тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затскриена во убава наметка од литературни и граматички форми, проткаена со енигматски стил, оваа своевидна исповед на поетесата ни доловува многу премолчени животни вистини.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Да ја преболува без престан за да ја долови, одвреме-навреме во самракот на кажаното. Од другата страна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се сеќавав на нашите ноќи поминати без сон во љубовен занос, во мислите ја доловував неговата несредена соба, пепељарата полна со отпушоци од цигари...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кратка, но каква блажена е тишината кога престануваат лелеците, кога од пред окото се тргнува грозотијата на смртта и кога на небото светнува некоја ѕвездичка, кога одвај успеваш да го доловиш тивкиот морски бран.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Треба да се сочека и да се долови „мигот“ глетката, богот на светлината драмата на преобразбата душата на ситниците магијата на битието...  Токму тогаш кога ќе го дочекаш него кликни  - среќата прости - уметноста е во повременото      нарушување на              несовршеното! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со други зборови, имаше нешто ирационално во балканскиот дух кое ниту овој збор, а ниту други не можеа да го доловат целосно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па, злогласната реплика на Бети Дејвис јасно прерасна во показател на одреден конкретен став, карактеристично држење што инаку би било тешко да се долови со три зборчиња: комбинација од вулгарност и гордост, презрива надменост, погрден естетски суд, претенциозност на несудени високосталежници и ситничаво, женско отфрлање на несебичните, искрени, машки вредности на средносталешката пристојност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе