домар м.

домар (м.)

Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Домарот Милија Митровиќ се зачуди кога ме виде без Бешир, а неговата сопруга Надица, со двете мали деца крај себе, скришум се прекрсти кога ме виде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама некои покрупни или понезгодни, како ногалките или летвите, не можеше, па почека домарот да дојде од селото и да ја отклучи главната порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако го испразни карванот, домарот помагајќи му во носењето на ногалките, а тој преместувајќи ги летвите час на рамо а час под мишка, Гого го праша дали може да слика на чардакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)