домен (м.)
Во тој домен беше и нејзината постојана идеја, митот за враќањето и за минувањето на границата која ја бевме преминале пред многу години и поради која останавме трајни емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко можеше да наведе уште многу примери од јазичната сфера, за распознавање на заедничкото во доменот на зборовите како основа за одржување на меѓусебната толеранција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камењата туженото лице ги вади со експлозивот; видот на експлозивот, количината и начинот на употребата не ми се познати; не можам да се произнесам дали пукнатините на куќата што се предмет на оваа расправа, се произлезени од потресите на експлозиите на мините при вадењето на каменот или се од нешто друго зашто тоа не спаѓа во доменот на мојата струка”.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
4 Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа и се внесоа некои технички подобрувања, коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Камилски настојуваше да му предочи на Татко што му недостига на духовен план на Балканот во однос на Европа, сметајќи се во тој домен за супериорен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таму надлежните не реагираа, не сакале да го будат Водачот за оваа локална мешаница, впрочем тој и не се занимаваше со козјиот проблем, којшто повеќе спаѓаше во доменот на главниот идеолог на партијата и стратег на системот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Автодидактите особено во доменот на јазиците лесно стануваат утописти, а понекогаш и идеалисти. Тоа се случуваше со Татко и Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, верувајќи дека, сепак, Камилски, ќе се држи на договореното, да реферира само за петте договорени збора, се надоврзаа на поговорките за инаетот од доменот на турската традиција, кажувајќи му ја на турски поговорката: Arnaut inati Allah` belasi! (Инаетот на Арнаутинот, божја беља!).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На моменти, помислувам дека лошото функционирање во доменот на земјоделието (ситуацијата е уште повеќе влошена последниве три месеци) е на извесен начин идентично со положбата во културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Изворите на чинговата стилистика се наоѓани, главно, во тие два домена, во фолклорот и во говорниот јазик, меѓутоа филтерот кој ги прочистува тие две структури е извонредно многу ригорозен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И затоа си реши да не се меша премногу во работи што беа во исклучителен домен на Партијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога ќе се врати на Балканот, долго време ќе преовладува инерцијата на османското време и во доменот на јазикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но оваа битка, според Аполинер, ја започнале уште браќата Грим, кога германскиот јазик се ослободил, особено во доменот на книжевниот јазик, но преостанувало да се исчисти говорниот јазик, како и јазикот во доменот на трговијата, администрацијата и војската.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таму има премногу работа, а бројот на населението од интерес за неговиот домен таму е најголем, додека традициите, според тоа и критичните врски со останатото население, најдлабоки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Климент Камилски внимателно го слушаше Татко. Му се восхитуваше за неговата ерудицијата на албанскиот полиграф во речиси секој домен, но посебно класичниот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа, а се внесоа и некои технички подобрувања – коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Гио прави чуда во доменот на неврохирургијата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)