достоен прид.
достои св.

достоен (прид.)

Не можеа да најдат постојан, достоен, доверлив партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Та нели искушенијата ваши само покажуваат дека Бог правилно ве проценил и оти вистина сте достојни да го наследите царството Негово, за кое и страдате?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не бевме доволно достојни за парче пченкарно лепче и коцка сув мармалад.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сето тоа го прави овој роман достоен за највисока книжевна и културна почит од меѓународни размери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му одаде Павле достојно признание на палтото и ѝ кажа на жената да не го става в орман - отсега ќе го носи само покуќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој вовед е достоен на вистински мајстор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ова беше јасен сигнал во размислите на татко ми дека Чанга го избрал големото скривалиште на Калето за гробница за себе и за козите, за сите кози на градот, сакајќи докрај, и во смртта, да остане достоен за големата љубов.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го пречекавме со срдечно добредојде; оти тој човек колку што беше достоен за презир, барем половина од тоа беше и забавен, а освен тоа и со години го немавме видено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не ѝ бевме достојни на таа последна фаза од нејзиното жртвување за нас, да си го дочека крајот на животот во осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А живиот Арсо ја одбегна смртта, остана меѓу луѓето на коишто сакаше да им покаже како достојно може да се живее и да се загине заради тоа достоинство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така, Клементина верувала дека младата Ервехе ќе стане достојна жителка на малиот балкански Вавилон, за кој говореше вујко, и дека ќе биде подготвена за идниот балкански живот, но и свртена кон светот, успешно ќе ги открива излезите од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Велат дека остана без наследник, не можејќи да замисли дека друг достојно ќе го носи факелот на светлината на слободата во Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш ми била понудена „последната шанса“ за спас, ама јас сум ја прокоцкал и не сум се покажал достоен за нивното „фер однесување“!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сега сѐ ја губеше достојноста за напнување и остануваше попусто и штуро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Никогаш песните на Анте Поповски не примиле толкава слабост, но и не покажале толкава доблест достојно да ја признаат и пречекаат, токму неа, слабоста што нѐ прави исти и еднакви со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Постоеше објективниот страв да не се биде достоен на мисијата, особено во деликатните зони, па по првите гафови да се излезе од дипломатската орбита, која беше вешто командувана од Централата, самото Министерство за надворешни работи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се исклештил пцуејќи или повикувајќи го Пророкот како сведок на една споулавена но достојна храброст на вистински борец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакам да засука ракави и да стане достојна за маж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе