дотогашен прид.

дотогашен (прид.)

Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Петнаесет илјади дотогашни динари беше грамот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Необична врева ја наруши дотогашната тишина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под влијание на околината која го прибира во нејзината аура, го обработува, менувајќи му ги дотогашните негови слики за себе, го пушта да замине видоизменет по состав – истрча со одговорот Еразмо, скокајќи околу старецот како дете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се гледа дека не му е достатна дотогашната љубовна игра и сака да ја продолжи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Макар што Татко и Климент Камилски многу брзо се зближија најмногу благодарејќи на различните книги од нивните библиотеки, остануваше најпрвин да си ја кажат вистината за нивните дотогашни животи во духот на заедничката доверба која се зголемуваше од ден на ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија од една страна значело признавање на дотогашниот придонес на единиците на НОВ и ПО на Македонија на страната на антифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Младичот извесно време ѝ пишувал од странство, ѝ ветувал убав живот таму, но пишувал сѐ поретко и поретко додека сосема не престанал да се огласува и од дотогашната и од некои нови адреси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мнозина теоретичари се сложиле дека во овие дихотомии постепено е воведуван поимот уживање којшто постепено ги расточувал, кој беше слепа дамка на поранешните сериозни анализи и кој ги воведе прашањата на желба, нагон, фантазија, афективно вложување на набљудувачот итн., и го менуваше тежиштето на критичката анализа од продукцијата кон консумацијата (како поим што го заменува дотогашниот повеќе неутрален: рецепција).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Експертите воопшто не биле сентиментални спрема дотогашната британската геополитика на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Средбата со Сојузниот министер беше последна во мојот дотогашен дипломатски итинерер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Облици на нова музика во своите дела воведоа и другите уметници, но Кејџовото место меѓу нив е секако посебно: тој со своите радикални и неконвенционални музички мислења и постапки повеќе од било кој друг ги разниша застарените навики и конвенции на дотогашната европска музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не беше тоа никаква куртоазија, туку силно внатрешно чувство на достигната полнота при едно читање, кое ти го надополнува дотогашниот живот со нешто возвишено кое дотогаш не си го очекувал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А мене токму тоа ми се случи! Дојдоа туѓинци, ги заменија дотогашните поробувачи, себеси се прогласија за ослободители, а јас, најпосле уморен од потрага по слободата ја прифатив нивната лага како своја вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, од друга страна, во случај ако работодавачот ги повтори овие санкционирани поведенија, забраната наместо дотогашните 60 дена, сега трае двојно помалку – 30 дена од денот на врачување на решението.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе