доцеди (св.)
На забелешката од Геро дека требало да се јави во штабот, овој одмавна со ножот во раката дека тие во штабот веќе не мислат на него и доцедуваат некое од шишињата скриени по бироата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не ќе те доцеди ништо: - под твоето дно - уште едно дно; - врз твојата синина остана птица да кружи - змија се веде на твојот брег и даб, кора од ветришта црна, вести: над сите невекови век, полкови матии непогуби!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Додека таа во кујната ја редеше долгата чинија, а тој во салончето го доцедуваше шишето ракија, си разменуваа по некоја реплика, како на проба излезена од читачка на сцена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)