дрвен (прид.)

Куршумите свиреа удирајќи по дрвените самари на коњите одбивајќи се од нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со тенко дрвено стапче се потчукнува по колкот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лонецот со вода се грееше на огништето и мајка ми со тенџерче ми истураше полека од истата, а јас седната во длабокото дрвено корито со миризливиот сапун генерално се триев и миев.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Некои што можат се качуваат на куќите и со дрвени лопати го ринат снегот од покривите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко од чардакот го гледаше својот пријател како заминува по кејот во правец кон Дрвениот мост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѓорѓевица слезе во келарот и од таму се врати, носејќи мала дрвена кутија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од четвртиот кат има тесни дрвени скали кои водат до таванскиот дел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И пешкирот е таму зад вратата закачен на дрвен чивилук.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Термос кафе- паузата ги орасположи па и не почувствуваа кога влегоа во селото и застанаа пред една голема дрвена порта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во дното голема и убава куќа сѐ до катот ѕидана од камен, а самиот кат од убаво изработена дрвена конструкција.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Долгите кловновски чевли бијат по дрвениот под како по барабан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еднаш ќе ги видиме како делкаат дрвени сандали од бука, другпат како го збираат овесот од изметот на коњите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во тој миг судијката удри со дрвениот чекан на кружната гумена подлога што стоеше на масата, веднаш до бокалот со вода над кој беше распослана салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гробиштата се заградени со тел и имаат дрвени крстови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Креветот беше прекриен со портокалова јамболија, до него имаше мала дрвена масичка и едно ќумбе на дрва во кое гореа неколку цепаници и чијшто звук се слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе