дрдорко м.

дрдорко (м.)

Не треба да се смета, додуша, дека било кој од тројцата горенаведени дрдорковци би можел да ги „претставува” другите, било исправено или на глава, и дека, согласно со тоа, може да биде бакнат наместо нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сега - ве уверувам во тоа - сите клики на дрдорковци, дилетанти и уметнички измамници ќе бидат укинати и отстранети.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Отсекогаш ме фасцинираше физичката и душевната разнообразност на пријателите на татко ми: и флегматични дебелковци, и борбени џинки, и штрклести осаменици, и кротки и црвулици, дрдорковци и молчаливци, фрустрирани интелектуалци и славољубивци, момчаци и пензионери. Факт е – сите се дружеа со него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сиот изложбен простор го претвориле во здодевен, невро­тичен, стар дрдорко, беше преполн со скици, карти, фотографии, белешки, кому постојано нешто му пречи.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)