дресер (м.)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откако поминаа низ обуката, дресерот побара од селото доброволци кои ќе се кријат на разни места за да се увери до која степен кучињата се извежбани да следат разни миризби на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
— Значи, на грчки, вели Јоанидис и зафаќа некоја поза од дресер на животни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)