дружи несв.
дружина ж.

дружи (несв.)

Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Замислете си некој со вас да не сака да се дружи и сите да ве избегнуваат како да сте чума.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секој ден ми беше пред очи без да мислам дека било толку едноставно да се дружиш со неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се израдува кога ме виде мене, бидејќи знаеше дека многу се дружам со Марина. Нѐ почести чоколадни бонбони.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Почна да се чувствува женско поддржувајќи ги сите манири на девојчињата со кои се дружеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Посебно ми се чини привлечна иако нејасна дури и облачна онаа претпоставка: дека иследникот, во настојувањата да го скрши моето спротивставување и самиот не одбива да дружи со моите размисли упорно следејќи ги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не прилега вие да се дружите со секого и насекаде, зашто вие не сте како обичните созданија и безразложна твар.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знаев дека во тој момент дружев со себичноста!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Крсте се уплаши да не замине Стојан, како што му направи порано неколкупати, инстинктивно чувствувајќи дека не треба да има давање земање со овој „предавник" Стојан се зачуди кога го виде така весел и ја осети онаа пријатност од времето кога Крсте дружеше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За смртта всушност вчера тој дословно рече дека низ животот со неа често дружеле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пари, статус, патувања, уба гардероба, ќе живејш во голема резиденција, ќе имаш вила на некој грчки остров, ќе се дружиш со богатите...“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Читајќи револуционерна, анархистичка и нихилистичка литература и дружејќи се со анархистите дојдени од Швајцарија, гемиџиите ја добиле идејната физиономија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Обиди се, драги мој, да го сакаш оној што со години ќе мораш секојдневно да го среќаваш, да разговараш со него и да се дружиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Поради неоснована клевета кај Французите, наводно дека се дружел со непријателите на Французите, тој е отпуштен од службата, дури и уапсен, но оставен да лежи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе