дува несв.
дувало ср.

дува (несв.)

Почна да се дува во стомакот секој ден, сѐ повеќе и повеќе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дува, дува низ устата како низ дупната мешина и вели: - Носам важно соопштение...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дува силен ветер, ги витка трските, носејќи го стреловито чунот по водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мајка отскрива бела погача, ја удира и ја гребе од жарчињата, ѝ ја дува посопта и ја сече.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не вадејќи ја цигарата од големата уста ја цицаше и ми дуваше в лице лут чад.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не сме за таа работа, велиме и гледаме како дуваат во манџата од компири и овчо месо што им чади пред лицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сретнавме на едно празно место кај што дуваше од вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Легнати така на тревата сува фатија сенка трева се дува често во градот се правеа статива со увозно ѓубре шиптарска сатива
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Од очите им дува само студ и цибрина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гребам и си дувам во врвот од прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа утро над колибата дуваше студен северен ветер.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги тресеме вилиците и си укаме во рацете, си дуваме да ни се пуштат прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие ја удираат по раце и таа си ги собира кон устата, си дува во прстите, на удреното, и пишти ко квачка што го рани пилето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И покривајќи го заспаниот дедо со својот кожув, дува презриво низ нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Повеќе