душка несв.
душкало ср.

душка (несв.)

Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Колку да душкам не можам да им пријдам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Првин гледам во кравата: таа душка во плевата што ѝ ја послав за лежење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Носниците на мачорот го душкаа ноќниот воздух и оддалеку го намирисаа грабливецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тромав од старост и со студ во коските, светлозејтинест и без надеж дека ќе му се спротиви и на помал волк, манастирскиот пес безволно им ги душкал опинците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Претстражи на непријателот душкаат наоколу...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа траеше доста кусо, колку четири здива, или колку четири волчи соништа, а после, наеднаш, оној маѓепсничар пак ја покрена својата волшебна прачка и дивинките го разбија својот застојан синџир и сега зедоа да ги душкаат сите негови стапалки по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Морам сам на светското буниште да душкам кој сум.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По нивното заминување дворчето се прошири, се направи место и за Мурџо кој слободно се појави од зад куќи вртејќи со опашката и поздравувајќи се со Деспина и Роса со душкање за на крајот да се примири крај Пела дозволувајќи ѝ што сака да прави со него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А малку потаму: волци и други лиоти, се подкрадуваат и ти ја душкаат миризбата, здивот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па кога виде дека Стрела, на нормален кучешки начин, без некоја видлива вознемиреност, го душка воздухот, Бојан полека појде кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Душкаше по ходниците и просториите по нејзиниот јасминов мирис со кој се стркаше и откриваше во која соба се наоѓа, каде го чека.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој се врти овде-онде, и душка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мило дете очи трие, дојде време да се спие - добра ноќ! Кротко јагне цица, душка, пред спиење мајка гушка- добра ноќ!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Волчјакот душка под седиштата, скокна во багажникот, слезе, се нафрли на гумите, на ауспухот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го душка Ангелета мој и пак завива, кобно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едниот од нив потскокнуваше, а другиот, еден стар излитен дедо од канализациите, стоеше исправено, држејќи се со розеникавите шепи за жиците и душкајќи го крволочно воздухот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе