дуќанџија м.

дуќанџија (м.)

Стане беше дуќанџија во чиј излог висеа жолти хартии покриени со лепило за муви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Обично се забираше со некоја тајфа ѕидари, ако беше тоа пролети, или пак со некоја група дуќанџии, есени, и пак заминуваше по светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа им импонираше на дуќанџиите. Почнаа оддалеку да ја поздравуваат, со почит.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А дуќанџиите сѐ повеќе го испитуваа за градителот и за неговиот живот и сѐ повеќе се чудеа и не можеа да прежалат што не го гледале подобро и повнимателно додека минуваше по вишеградските сокаци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дуќанџиите му велеа дека лете е уште поубаво, секој дуќан си има и цвеќе пред влезот, тоа треба да се види, тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Викаше: „Народе рисјански! Чаршијата се затвора, дуќанџиите ги ставија кепенците!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ни на дуќан сум дуќанџија, ни дома сум домаќин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Занаетчиите, дуќанџиите почнаа да ја забораваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од кожарско-ќурчиската чаршија, од Капан-ан до Туз пазар, туфекчиската чаршија од Мустафа-пашината џамија, дуќаните и работилниците со ножови, сабји и друго оружје, до платнарите, абаџиите, бојаџиите, казанџиите, сарачите, јорганџиите, калајџиите, терзиите и кафтанџиите, сѐ беше на нога и траскаше, чукаше, коваше, тропаше, викаше, довикуваше, и повикуваше, а дуќанџиите шеткаа пред своите мали царства, не сакајќи да мислат на големото што ги беше поклопило и кое им ја пиеше и потта, и душата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ох-хо-хо! Навистина, душата по мака ми оди!“, се слушна и гласот на дуќанџијата и...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа му даде знак на пајтонџијата да тргне кон куќата на Цветко дуќанџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)