евиденција ж.

евиденција (ж.)

На екраните за евиденција на народот се пренесуваа слики од згрозеноста на лицата на нас кои овде седевме и ништо за тоа таму не знаевме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Промени има и кај одредбите што се однесуваат на бришењето од евиденцијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, во 2004 година е предвидено дека ќе дојде до бришење од евиденцијата на невработените лица и во случајот кога одредено невработено лице ќе биде затекнато да работи спротивно на законот, како и во случајот кога невработеното лице одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
9 Јавни работи Во врска со ангажирањето на невработените лица при изведувањето на јавни работи погоре веќе беше спомнато дека одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи доведува до престанок на водењето евиденција за дотичното невработеното лице и негово бришење од евиденцијата на невработените лица, при што тоа може повторно да се пријави во Агенцијата за вработување по истекот на една година (чл. 9 и 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не може ни Господ да ме разубеди дека Големиот Брат не води тачна евиденција кој, колку и кога пие, колку троши на сите облици на пороци и слично.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во врска со висината на казните следеше нивно намалување и тоа кај сите засегнати страни: работодавачот, директорот, односно одговорното лице и работникот задолжен за водењето на евиденциите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Покрај промените во одредбите што се однесуваат на паричниот надоместок, усвојувањето на ЗВОСН донесе промени и во поглед на засновањето работен однос, помошта што ја обезбедува Заводот за вработување при професионалната ориентација, обврските на невработените лица, водењето евиденција за невработените лица и составот на Управниот одбор на Заводот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Симптоматично е тоа што настанот мистериозно беше изоставен и од евиденција во полицијата, иако како што видовме погоре беше благовремено пријавен од страна на самата болница!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие услуги се плаќаа можеби поскапо и од самите наказанија, ама главно луѓето не се запишуваа во „ќелеш“ тевтер, како ги викаше тој наказателните книги што се водеа кај кадијата и кајмакамот за евиденција на накажаните граѓани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таква евиденција не е можна, бидејќи со еден карнет, со кој може да се влезе во еден од влезовите на метрото, може да се вози цел ден во многу правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако имаш забрана, повторно можеш да измислиш обврски од типот дополнителни часови по некој предмет и ревносно да ги посетуваш, па кога еднаш нема да излезеш, дури и мајка ти, која ти води евиденција на движење со минутажа, да те потсети дека ќе пропуштиш важно предавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што се однесува до водењето евиденција за невработените лица, до значителни промени во оваа материја дојде во 2004 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измените и дополнувањата од оваа година беа воведени четири нови основи за престанување на водењето евиденција.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот, како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, а чаушите евиденцијата ја водеа по број, а не по лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Новото работно место на кое е прераспределена е референт за прием и отпуст на осудени и притворени лица, матична евиденција и статистика – а, само по себе, подразбира 73 непосредно вршење на административна работа при внесување и изнесување осудени лица во и од КПУЗ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но не ги уништија сите кози, ниту ги имаа сите под евиденција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Барем ќе имаме евиденција колку курви има во државата. - Сифилисот ќе стане транспарентен човече.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со изменувањата и дополнувањата на овој закон (2010-2014) се воведоа две нови евиденции кои ги води АВРМ, а дополнителни промени настанаа и со намалувањето на казните за работодавачите, директорите, односно одговорните лица кај работодавачот и работниците кои ги водат евиденциите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, евиденцијата на невработеното лице од 2004 година престанува да се води и во случаите кога лицето: а) замине на отслужување или дослужување на воениот рок; б) одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; в) работно биде ангажирано на јавни работи над 30 дена, за времето на овој ангажман и г) работно е ангажирано или врши дејност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе