еден (зам.)

Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов една метла зад вратата и зедов да метам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу нас се пикнува едно момче со некое врзопче хартии под мишка и само нѐ гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден војник истрча од патот и со вперен автомат почна да нѐ брка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов еден Русин, милиционер, и му се залепив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во холот стои жената и до неа едно дете со уплашени очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во едно ќоше видов три постари жени и се собрав кај нив, се пикнав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни отвори еден војник и нѐ води кон нужниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш видов еден човек што трча меѓу луѓето, сака да го втаса возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми се падне еднаш да зборувам за рамноправноста меѓу мажот и жената и, само што го спомнав зборот рамноправност, стана еден човек и свика: — Сѐ, сѐ, само тоа не!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор влегува една загасита светлина, колку да можам да му ја видам сенката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа еден програмер од Универзитетот во Стразбур од тие алгоритми прави софтвер.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш една кукла ја симна шапката и ми се поклони.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еден ден, бидејќи е врело лето, водата може да секне. Но, па што?.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си биле еден цар и една царица и немале веќе четириесет и три дечиња, и не останале заедно оние триесет и деветмина синови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се паѓаше во еден од следните денови, веднаш по оној ден, кога видоа првпат дека и во нивниот ходник влегло сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе