еден (прил.)

Може еден по еден ќе нѐ ликвидираат, си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Првиот што излегол, пукнал во некој од Турците и така на куршум одговарале со куршум, на штик со кама. Така изгинале нашите до еден...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие се погледнаа едно со друго како да се колебаат дали да се восхитуваат или да ѝ се потсмевнат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За наша среќа, овој пат ние се избавивме од дележот на нашата татковина и Турција од загубувањето на една од прекрасните свои провинции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но освен нив, има и политички причини што никојпат не ќе ѝ дадат на Србија да допушти да се реши македонското прашање во полза на една од балканските држави, особено во полза на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие колца во разни времиња беа со разни имиња бојадисани, додека во 4-та четвртина на XIX век боите не фатија да се ставаат една врз друга и не се парализираа една со друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стоиме едно до друго и си дишеме од уста в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врз основа на сето тоа што го реков јас за историјата на националните имиња што се имаат сменувано едно со друго, како и за причините за тие сменувања, ќе изникнат многу злоупотреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред малку само трчавме еден кон друг: и од едната страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе се фатам пак така во некој блудничав сон: ми ја префрлил раката преку рамено, ми ги пикнал прстите во косата и едно за друго ме љуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никако да се доближат еден до друг. Небаре чинки ги држат да се доубиваат на растојание со зборови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби цел час ечеше гората од ударите на секирата, а потоа момчето слезе до потокот и почна да ги зема трупците и еден по еден да ги пренесува во стреата што беше залепена до јужниот ѕид од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По резултатите што ќе се добијат од сегашното востание, последново ќе може да се нарече една од најголемите, ако не и најголема несреќа за нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе