единка (ж.)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зарем не можеш да сфатиш дека смртта на единката не е смрт ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За мене е поважно прашањето за нашата национално религиозна и економска преродба; а тоа може да стане само со изучувањето на својот народ, прво како одделна единка, после во врска со другите Македонски и балкански народи и најпосле како член на словенската фамилија народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Националистичкиот кич ги прокламира своите темелни идеи: национален суверенитет и привилегираност на единката втемелена на соодветна крвна група.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И со овој документ му се признавало правото на македонскиот народ на националната посебност, а во новата федерација Македонија имала рамноправен статус со останатите федерални единки.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сметам дека привлекувањето на истополови единки се јавува како резултат на некои вонредни изместености. Тие не се ненормални.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Андриќевиот и Селимовиќевиот онтолошки хоризонт е препознатлив во тематскиот корпус на романот: единката и заедницата, човекот и историјата, индивидуата и политиката етичкото и психолошкото димензионирање на ликовите во поширок контекст во кој архетипското проблеснува под романескниот дискурс.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога стравот од страв на единката станува страв на толпата, тогаш станува сеопшт и тогаш ништо не може да го сопре. А тие кои така наредија, сигурно му ја знаеја моќта...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На пример, кога „го разгледуваме општеството а не единката, животниот интерес на секое општество е индоктринација на децата коишто ја сочинуваат неговата нова сила”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во својот последен роман, Мирко Ковач „Град во огледало“ со кој ги собра книжевните награди на три држави - бивши федерални единки на СФРЈ, на вметнатите цитати во содржината на романот, не ги именува авторите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Може, делумно или целосно, да зафати една, неколку или сите единки.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Зарем не можеш да разбереш, Винстоне, дека единката е само ќелија ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Романите и расказите на Франц Кафка се израз на отуѓеноста, на осаменоста и на анксиозноста на современиот човек, проекција на противставените односи меѓу моќната, нехумана и тоталитарна држава (секоја институција на власт и авторитет, држава, политичка, црковна, семејна) и немоќната единка (обичниот човек).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А во тоа одржување на видот и репродукцијата, единките премногу се расфрлуваат и трошат, и тоа непотребно.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Што значи смрт? Зошто одредени единки менструираат, а други не?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Психологијата на масата овде е на дело и е спротивставена на единката, на интелектуалецот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)