еднокатен (прид.)
Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ниски, еднокатни стари куќи и веднаш до нив синџир од нови десетокатници го опкружуваат центарот на градот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во првата странична улица сопрев пред една еднокатна куќа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)