екипаж м.

екипаж (м.)

Од бродот нѐ гледа капетанот, целиот екипаж.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Екипажот беше романски, медицинските сестри и дел од лекарите беа Полјаци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За ова време Аџи Јане ликуваше со забитот и целиот екипаж.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се поздравуваме со морнарите, со екипажот на бродот, ама рака никој не пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Делото на Шатев било потврдено и од изјавите на екипажот на „Гвадалкивир“ дадени пред конзуларните власти и пред Судот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што кажуваа, на бродот, покрај грчкиот екипаж, имало тројца Грци преведувачи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше повеќе од дваесетина војници од екипажот и уште толку цивили, стоеја или седеа, не зборувајќи ништо; пушеа или гледаа во сивото мочуриште што лазеше покрај нив.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Предо, според километражникот на колата, најшетан член на екипажот, си призна: - Ни чул ни видел.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)