еколошки прид.

еколошки (прид.)

Смртта овде може да биде сфатена литерарно како стварно исчезнување на животот, психолошки како уништување на смислата на Себството, или еколошки како при природните несреќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оттаму и поклопувањето помеѓу постмодернистичките културолошки барања и еколошкиот предизвик.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Учениците од основните училишта и средношколскиот центар во Неготино успешно ја изведоа еколошката акција „Младите за здрава природна средина“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Сепак да сркаш и кркаш чорба од реката, всушност, мислам водата треба да е еколошки чиста.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оттаму, регулирањето на поставувањето билборди со законски прописи станува и еколошко прашање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Огромните дотации за земјоделскиот сектор предизвикаа многу несакани последици: хиперпродукција, расипништво, еколошки штети.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ни праќаат дел од текстот: - Кејот „Сушица“ во центарот на градот, место да биде најуредено место, тој е еден од најголемите жртви на долгогодишната негрижа и ниска еколошка свест на кичевчани - место за депонирање смет на граѓаните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Единствено пуританците можеа да измислат и да развиваат една таква еколошка и биолошка моралност заснована врз зачувувањето на видот, односно врз дискриминација, во суштина расна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Глобалните еколошки задачи можат да се направат единствено по пат на дизајнот во една поширока смисла: преобликување на економијата, меѓународните односи, индивидуалното однесување - според природата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сите: претседателот на градот, и раководството на еколошкото друштво „Пролет“, и директорот на ЈКП „Хигиена“- велат дека целото подрачје на Кавадарци е претворено во јавна депонија, населението истура насекаде ѓубре без да води сметка за натамошни последици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Работникот Кире Марковски (сега 55-годишен) од Скопје беше вработен во фирма од металската индустрија со општествен статус на сопственост – од којашто подоцна произлезе МЗТ „Пумпи“ – Скопје, АД за производство и монтажа на пумпи, турбини, хидромеханичка и еколошка опрема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На состаноците на училишната еколошка секција велиме дека кога ќе пораснеме, кога ќе се вработиме, па и ќе дојдеме на раководни места - ќе се грижиме нашиот град да биде нормално чист - да го смени ликот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Еве, интересно - Дојранското Езеро расте по топење на снегови и изобилни врнежи во земјата - Можно покачување на водостојот уште за 40 сантиметри - Најголемо покачување од еколошката катастрофа на Дојранското Езеро.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Почнуваме со фантастичниот експеримент на Изуми Кијо, архитект и универзитетски професор, кој за време на пишувањето на есејот „ЛСД и архитектонскиот проект“ предавал општествени науки и го водел еколошкиот програм на универзитетот во Саскачеван.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Има работи што не се за продавање...“, Симон некако наврапито рекол: Ами, тогаш и потопувањето на Долнец е еколошко прашање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Освен манифестации во кругот на основните училишта други еколошки акции засега нема.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„И темнината е еколошки проблем, нели тато?“ запраша Влатко додека се движеа од автобуската постојка кон зградата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред училишната зграда веќе ги очекуваа - директорот Миле и членовите на еколошката секција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе