епоха (ж.)
Единствено чистачот на чевли на Plaza de Armas знае дека секој тажен ден е бескрајно долг и не се занесува со сјајот на новата епоха отшто во секоја епоха имало и ќе има чистачи на чевли и бескрајно долги денови на тага и на недоветен занес.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Го засакав вашето пишување и свежината на оваа книга со многу хумор во сепак мошне тешката епоха за сите одгледувачи на кози...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние поминавме во своето историско развивање веќе важни стадиуми што можат да претставуваат епоха во историјата на кој и да е народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не според стилот на епохата
туку според изливите, внатрешните
релјефи на гестот-ерес
временски ќе се сместува
меѓу XIX и XX век отприлика
почетокот на нашата взаемна
љубов:
грешките се допуштени
ако за грешка може да се смета
она кое ги надминува границите
ако воопшто од животот можеме
да го избркаме чудесното, волшебното
магиското.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
3.
Време, Човек
Драма, Сатурне:
Јас станувам носечки лик, противник
Ти почетна сила, нагон кон целината;
Јас тапкам одовде-донде
Ти кружиш цикличен, прстенест;
Јас им се подбивам на повторувањата
Ти повторуваш, ретко но редно
демонски син-хроничен, цел;
Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли,
епохи, ех да можам да летнам
Ти гледаш од високо
пишуваш и леташ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Востанието направи епоха во животот и националното самосознавање на Македонците Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Немскиот класичен идеализам е продолжување, во филозофијата, на идеите што ги нафрли епохата на великата француска револуција и кои во специјалните немски услови на општествениот живот добиле специфичен вид.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Девојката беше повик на минатите епохи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овој дел од патувањето на двајцата војници, одбележува една историска епоха, ја бележи апсурноста и трагичноста на таа војна, која воглавно се отсликува преку нивните регистрирани доживувања (низ исповедта на нараторот, кој знае сѐ, но не е сосема сигурен), без да се свесни, или се нецелосно свесни протагонисти на тие дејанија...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
А новата епоха ни налага нам нова потреба – културно работење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сребрени ѕвона ѕвонат слобода што тоне Во една мала епоха сонатини.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Ете така стапи во својата втора епоха движењето на картелите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Крајот на биполарната епоха го маргинализираше и значењето на неврзаното движење во кое југословенската дипломатија имаше клучно место, авторитет и влијание.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во епохата на револуцијата, употребата на странските зборови добро вклопени во рускиот јазик се сметаше за едно од главните обележја на јазичната слобода којашто спонтано се наложуваше, се создаваа редица неологизми, превладуваше плакетарскиот и телеграфски стил, се создаваше своевиден пролетерски израз на јазикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во еден од најновите прегледи на историјата на „образувањето на монополите“ читаме:
„Од епохата до 1860 година може да се приведат одделни примери на капиталистички монополи; во нив можат да се откријат никулци на оние форми што сега се толку обични; но сето тоа се безусловно предисториски времиња за картелите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)